НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Чиста и европска Македонија


Во неделата ( 21.09 2008 ) во Охрид на повеќе пунктови се спроведе акцијата “Чиста и европска Македонија“ во координација на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Министерството за транспорт и врски. Акцијата беше во насока на спроведување на Законот за јавна чистота, според кој за прекршителите се предвидени високи парични казни.

.
 

Се чистеше патниот правец Св. Наум Охрид, влезовите на Охрид, патниот правец Лескоец-Буково,  како и дивите депонии на патот кон Велестово, Коњско, и други локации во границите на националниот парк Галичица.

Во оваа акција масовно учество зедоа вработените во паркот, комуналното претпријатие од Охрид, Македонија пат, како и граѓани, невладини организации и ученици.

22.09 2008 ( Понеделник )