НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Ден на дрвото


Вработените на ЈУНП Галичица масовно зедоа учество на граѓанската акција за пошумување што се одвиваше на локалитетите Мауцкер, Требеништа и на Славеј планина. На Мауцкер и во Требеништа вкупно беа посадени 20.000 садници. Додатни 30.000 дрвца посадија припадниците на АРМ на Славеј Планина.

.

Повеќе дрвца засади и министерот за финансии Трајко Славески, кој оцени дека денешната акција ја покажува високата свест на граѓаните за заштита на природата. Понатаму овие дрвца треба да се чуваат, посочи Славески. Дрвца засадија и повеќе пратеници од Охрид и други политички функционери.

Во граѓанската акција „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ предвидено е да бидат засадени над 2 милиони садници.

12.03 2008