НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Во паркот и едукативна патека


Петтиот ден од активностите беше одбележан со промоција на едукативната патека на влезот во паркот кај Билјанини извори. Учениците од основните училишта како и бројните новинари, гости и љубители на паркот низ  патеката ги водеа вработените од паркот презентирајќи ги содржините  на сите дванаесет информативни табли долж патеката.  

Оваа едукативна патека ги објаснува културните и природните вредности како што се геоморфолошките форми, живиот и растителниот свет во паркот. Од билошката разноврсност посебно внимание е посветено на ретките ( ендемични ) и загрозени видови.  

Соджината и начинот на презентација е прилагоден за учениците од основните училишта, пред се за учениците од трето до шесто одделение. Патеката завршува со “училницата“ во природа, која заедно со целата содржина училиштата ке можат да ја користат за настава во природа.  

30.10 2008 ( Четврток )

.

Отворање на патеката