|
Денеска
паркот започна со активностите околу изградба на
рекреативната “Франкофонска“ патеката од месноста
Студенчишта преку селото Рамне до село Велгошти.
Активностите започнаа со расчистување на дивите
депонии кои се создаваат како резултат на
несовесното одложување на отпаден материјал.
Со овие
активности се истакнува заштитничкиот однос кон
природата и посебните природни и естетски вредности
на Охрид, Охридското езеро и Националниот парк
Галичица. Со патеката која ќе се се протега на
подножјето на планината Галичица ке се збогати
понудата во екотуризмот и ке се добие една поинаква
можност за нови естетски доживувања на просторот.
Патеката,
со должина 6.3 км., ќе се протега во Националниот
Парк Галичица во непосредна близина на градот Охрид,
ќе поминува низ с.Рамне и завршува над с.Велгошти и
обратно
05.03 2008
( Среда )
 |