|
Господин
Зоран Ангелоски, директор на ЈУНП Галичица и
претставникот на МЗЖСПП, Даница Павловска, во
присуство на францускиот амбасадор во Република
Македонија господинот Бернан Валеро, вработените во
оваа институција, како и голем број новинари и
гости, денеска во 14 часот, по дождливо време, ја
промовираа пешачко-рекреативната патека „Студенчишта
– Св. Петка – Студенчишта,“ која се реализира во
соработка со Маѓународната организација на
Франкофонијата.
Патеката
е долга 6,3 км и започнува од месноста Студенчишта
што всусшност и представува најниската точка на
патеката со 697 м.н.в. Највисоката точка на
патеката е во селото Рамне на 960 м.н.в , а
надморската висина кај Манастирот Св.Петка изнесува
820 метри.
Директорот на ЈУНП Галичица и претставникот на МЗЖСПП Францускиот амбасадор во Република Македонија Господинот Бернан Валеро со новинарите
Директорот на паркот
Зоран Ангелоски
најави дека наскоро
ќе започне изградбата на вториот дел од патеката.
Проектот е веќе изготвен и е испратен на одобрување
во Министерството за животна средина.
Всушност тоа ќе биде надградба на постојната патека
со
содржини за еколошка едукација која ќе биде наменета
за сите вљубеници на паркот, но пред сé за
најмладите посетители - учениците од основните
училишта.
За
поддршка на идните програми за еколошката едукација
на отворено, паркот има намера да изгради
училница на отворено (платформа) и да се постават 12
тематски информативни табли на кои ќе се претстават
позначајните природни и културни вредности на
паркот. Таблите ќе бидат поставени долж земјената
патека од местото „Студенчишта“ кон селото Рамне.
Амбасадорот Бернан Валеро при оваа пригода го посети
Манастирот Св.Петка каде од директорот на паркот, во
пригодна атмосфера му беше врачена икона, како
подарок, од Светецот заштиник на градот Охрид
Св.Климент.
04.04
2008 година ( Петок )

|