НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Конференција по повод 50 години НП Галичица


Денес се покажува дека она што било засадено пред педесет години успешно се развивало и растело во денешната ЈУНП Галичица, институција  која е незаобиколен фактор во заштитата на природата “, рече на отварањето на Меѓународната конференција „Предизвици и перспективи во заштитата на националните паркови“, директорот Зоран Ангелоски кој  нагласи дека паркот: ..“ во изминативе 50 години поминувал низ различни фази во неговото функционирање, со повеќе или помалку проблеми, но секогаш неуморната работа и посветеноста на вработените во заштитата на природата, резултирало паркот да оди во нагорна линија во неговото работење“.

Директорот ја изрази својата убеденост дека во периодот кој следува, понудувајќи ги најдобрите решенија во заштитата на природата, на паркот ќе се гледа не само како македонско богатство, туку и како раритетно светско природно наследство посебно во ова време на се поголема меѓународна поврзаност и грижа за природното богатство.

Конференцијата ја отвори македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи кој се запозна  со развојот на националниот парк „Галичица“ , а ги слушна и предизвиците со кои се соочува паркот нагласувајќи дека:Министерството и натаму ќе го поддржува напредокот на паркот зашто тоа е и наша законска обврска.

 Целта за заштита на животната средина е постигната, но треба да  се оди напред и упорно да се работи“ вакво согледување има првиот директор на Националниот парк „Галичица“, Владимир Бојаџи.

Паркот  ја ужива и поддршката од Италија, Германија и Франција. „Нашето присуство овде е со цел  да создадеме средина  со подобар економски развој во овој регион, без да се уништат природните вредности и обичаите на луѓето. Тоа е главната италијанската поддршка во доменот на заштитата на животната средина, потенцира италијанскиот претставник Роберто Рико. 

Амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро рече дека живееме во средина која постојано се деградира и додаде дека   50 годишното постоење на паркот зборува оти досега е многу направено на полето на заштитата на природата. „Националните паркови во Европа треба да соработуваат заемно“, рече Валеро.

Со работилницата која се оддржа вториот ден беше  заокружена меѓународната конфереција “Предизвици и перспективи во заштитата на националните паркови“.  На оваа работилница учествуваа вработените  од паркот и водечки експерти од државава и пошироко. Темата на оваа работилница беше оценка на природните вредности во паркот со посебен осврт на биолошката и геоморфолошката разновидност. Беа  изнесени разултаите од теренските истражувања кои беа спроведени во последниве 6 месеци врз основа на кои беа донесени прелиминарни препораки за зонирање на паркот.

.

Паркот низ фотографии