НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Обележување на МТБ  патеките во НП Галичица


Со цел да им овозможиме на вљубениците во МТБ активностите по безбедно крстосување низ нашиот НП го започнавме  трасирањето и обележувањето на патеките за планински велосипедизам. Акцијата ја изведуваме во соработка со членовите од ВСД Енерџи кои имаат искуство за ваков тип на соработка. Знаејќи го потенцијалот на нашиот парк и можности што ги нуди за МТБ активностите, обележувањето го поделивме во неколку етапи.

.
 

Првата етапа од предвидените неколку ќе биде сосема ново искуство за љубителите на овој спорт. Потегот од село Велестово до превојот Крстец е по макадам пат во должина од околу 9 км  кој покрај возењето пружа и прекрасниот поглед кон Охридското Езеро. Следи наградата за вложениот напор - прекрасно поле покриено со трева и различни планински цвеќиња. Самата патека продолжува по полето, помеѓу ридчињата и со секој изминат километар изненадува со новоотворените видици.  

Залкучокот на членовите на нс ВСД Енерџи, дека оваа патека може да ја извози секој МТБ возач со средно ниво на физичка подготвеност, но сепак, препорачуваат внимателно возење, особено при враќањето.  

19.05 2008 ( Понеделник )