|
Од како организаторот го тргна натписот
FYROM,
претставниците на националните паркови на “Галичица“
и “Маврово“ прифатија да се официјализира отворањето
на на македонскиот штанд
на меѓународниот саем за национални паркови
„Медитере“ кој се одржува во Бари, Италија .
Ова беше јасна порака од страна на
нашите претставници од која држава доаѓаат.
Сега вака се претставени нашите паркови Зоран Ангелоски и Оливер Аврамоски
Сега вака се претставени нашите паркови
По упорното инсистирање на директорот на НП
„Галичица“, Зоран Ангелоски претставникот од НП
„Маврово“ и нивното одбивање да учествува под друго
име освен Македонија, организаторите на саемот го
корегирал пропустот после што македонскиот штанд бил
и официјално отворен за посетителите.
Иначе на
меѓународниот саем за национални паркови „Медитере“
во Бари се претставуваат 85 паркови од
медитеранскиот регион со цел промоција на природните
и културните вредности и воспоставување на соработка
и размена на искуства меѓу парковите. Присуството на
делегација на НП „Галичица“ на саемот ќе биде
искористено за посета и воспоставување на соработка
со италијанските национални паркови „Аспромонте“ и
„Етна“
07.05 2008 (
Среда )

|