|
Во
просториите на Црвен Крст од Охрид , ЈУНП Галичица
потпиша меморандуми за соработка со
Црвен
крст од Охрид
и СПД МАГАРО. Меморандумите беа потпишани од страна
на директорот на ЈУНП Галичица Зоран Ангелоски,
претседателот
на Црвениот крст-Охрид
Сашо Точко и
претставникот на
планинарското друштво „Магаро“,
Борис Арнаудов.
Соработката со
Црвен
крст како организација од посебен интерес на
Владата на РМ
ќе се
остварува преку
програмата
за менаџмент со кризи, посебно во делот на спасување
на планина и непристапни терени.
Поаѓајќи
од заедничката желба и можност за соработка помеќу
Паркот и планинарското друштво Магаро ќе се поттикне
авантуристичкиот дух и посета на националните
богатства.
Потписниците на овие меморандуми истакнаа дека како
прв чекор на оваа меѓусебна соработка ќе биде
промовирана станица
за спасување на планина
која ќе ја опслужува обучен и стручен тим на
спасувачи-планинари,
а ќе биде
лоцирана
од
десната страна на патот, кој води од селото Трпејца
до локалитетот Царина на место викано “Стара
Галичица“.
Директорот
на
ЈУНП
Галичица
истакна дека
отворањето на спасувачката станица, заедно со
реализација на проектните активности на јавната
установа за реафирмирање и изградба на повеќе
туристички содржини, ќе придонесе за поголема
афирмација на Галичица како туристичка дестинација.
 |