НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

ЈУНПГ и ФТУ потпишаа меморандум


“Потпишувањето на овој меморандум всушност е озваничување на плодната соработка помеѓу нашите институции и потврда на определбата на паркот за туристичко промовирање на убавините кои ги имаме како и развитокот на екотуризмот како тренд во целиот свет“ – истакна директорот на ЈУНПГ Зоран Ангелоски при потпишувањето на меморандумот. 

Овој меморандум беше потпишан помеѓу директорот на паркот Зоран Ангелоски и Сашо Коруноски , продекан на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид, како претставници на овие две иснтитуции.  На потпишувањето беа присутни и тим лидерот на консултантската куќа GFA Тил Дитерих  и меѓународниот експерт за туризам во заштитени подрачја Никол Хојслер.

.

Зоран Ангелоски ( ЈУНПГ) и Сашо Коруноски (ФТУ)

Професор д-р Сашо Коруноски, од ФТУ – Охрид истакна дека  потпишувањето на  меморандумот за разбирање, претставува голем исчекор за факултетот кој има научен и стручен потенцијал кој чека да се докаже и помогне. Стручниот тим од ФТУ – Охрид заедно со експерти од странство ќе биде вклучен во научното истражување на потенцијалите на националниот парк што ќе се спроведе во периодот од  јуни до септември оваа година.

 Господинот Дитерих истакна дека НП Галичица е на правиот пат  туриристички да се проовира во светот и дека заедно со Охрид ке биде една од најпосетените дестинации во Македонија. “Ваква определба, паркот со сигурност  ке го стави во редот на европските паркови кои знаат како истовремено туристички да се промовираат но и заштитата да ја задржат на високо ниво. Тоа ќе биде добивка и промоција не само на паркот, градот Охрид  туку и на државата„ – истакна г-дин Дитерих. 

20.05 2008 ( Вторник )