|
Во
присуство на преставници од Министерството за
животна средина и просторно планирање ( МЖСПП ),
претставници од Општина Ресен, невладината
организација ГТЗ, гости од НП Маврово и НП Пелистер
како и голем број на љубители на природата беше
промовирана пешачката патека на островот Голем
Град.
Патеката
поминува покрај бројни историски споменици и
природни вредности. Покрај сите нив се поставени
информативни табли од кои посетителите ке можат
полесно да се запознаат со значајните податоци за
одредените локалитети.
Островот
Голем Град е строго заштитено подрачје и сите
заинтересирани патеката ќе можат да ја посетат со
предходна најава и исклучиво во придружба на
вработените од НП Галичица.
Превозот од с.Коњско беше со чамци Сечење на лентата - Зоран Ангелоски ( НП Галичица) и Аница Палацо ( ГТЗ ) Пред една од информативните табли
14.08
2008 ( Четврток )

|