|
Предмет:
Покана за досоставување на мислења, предлози и
препораки по предлог Планот за управување со
Национален парк Галичица за периодот 2010-2020
година
Почитувани,
Согласно член 101, став 1 од Законот за заштита на
природата (Службен Весник на Република Македонија,
бр. 67/04) и мислењето од Министерството за животна
средина и просторно планирање (бр, 11-5598/1 од
25.05.2010 год., види Прилог), Јавната установа
Национален парк Галичица (ЈУНПГ), во рамките на
постапката за донесување на Планот за управување со
Национален парк Галичица е должна да организира
јавна расправа.
Со овој допис Ве покануваме да ги доставите Вашите
мислења, предлози и препораки по предлог Планот за
управување со Национален парк Галичица за периодот
2010-2020 година кој е достапен на службената веб
страна на нашата установа (www.galicica.org.mk).
Истите треба да бидат доставени во писмена форма,
најдоцна до 30.06.2010 година, на следнава адреса:
Јавна установа Национален парк Галичица
Галичица бб
6000 Охрид
Покрај тоа, ЈУНПГ ќе организира јавна расправа во
Охрид и Ресен. За терминот и местото на одржување на
јавната расправа дополнително ќе бидете известени.
Согласно член 101, став 2 од Законот „мислењата,
предлозите и препораките изнесени на јавната
расправа се земаат предвид при изготвувањето на
плановите за управување со заштитено подрачје.“
Следствено, Тимот за планирање (ТП), кој го
раководеше процесот за изготвување на предлог Планот
и кој е составен од претставници од МЖСПП, ЈУНПГ,
локалните самоуправи на општините Ресен и Охрид и
Агенцијата за планирање на просторот на Република
Македонија, ќе ги разгледа и ќе дискутира по сите
прибрани мислења, предлози и препораки по предлог
Планот за управување со Национален парк Галичица за
периодот 2010-2020 година. Записникот од состанокот
ќе биде доставен до подносителите на мислењата,
предлозите и препораките како и на другите
институции и организации на кои им беше доставен
нацрт Планот. Врз основа на заклучоците и
препораките од ТП, ЈУНПГ ќе изврши соодветни измени
во предлог Планот.
Согласно член 73, став 1 од Законот за заштита на
природа, ЈУНПГ ќе ја достави конечната варзија на
Планот до МЖСПП за добивање на согласност по што
Управниот одбор на ЈУНПГ ќе донесе одлука за
усвојување на Планот.
Со почит,
Охрид 08.06.2010 год.
Јавна установа
Национален парк Галичица
Директор
Зоран Ангелоски
Планот следува
во табелата (Книга 1, Книга
2/I (прв дел),
Книга 2/II
(втор дел), Книга 3, Книга4 и Карта): ( за преглед кликни на копчето
PDF )
|