|
Активностите на ЈУНП Галичица во рамките на
прославата 50 години на постоење на паркот
продолжија и денеска. Во хотелот Белви пред голем
број национални и локални новинари, како и
претставници на месните заедници кои се во границите
на паркот, пријатели на паркот и соработници, во
првиот дел на овој настан беше промовирана веб
страната на паркот, која веќе ја содржи и
комплетната агнглиска верзија.
Во
вториот дел на настанот на присутните им беа
презентирани серија проспекти за природното и
клутурното наследство на паркот како проспектот за
“Зачајни видови“, “Комплекс Св.Наум“ , “Шумите во
паркот“ и проспектот “Остров Голем Град“.
Оваа
средба новинарите ја искористија за разговор со
стручниот тим за заложбите на вработените за се
поголема туристичка промоција на паркот како во
државата така и надвор од неа.
Утре на
29.10 среда, на влезот во паркот кај Билјанини
извори со промоцијата на информативните табли “
Селата во Национален парк Галичица“ продолжуваат
активностите по повод овој значаен јубилеј за НП
Галичица.
28.10
2008 ( Вторник )
 |