|
Врз основа на одлуката на Собранието на Република
Македонија, на 25-ти октомври 1958 година беше
објавен Законот за прогласување на шумските предели
на планината Галичица за национален парк (Сл. Весник
анд Р.М., 31/58). Законот стапи во сила на 9-ти
ноември 1958 година.
Јавна установа Национален парк Галичица организира
повеќе активности и манифестации да ја одбележи 50
годишнината. Централен настан во прославата ќе биде
дводневната конференција која ќе се одржи на 31-ви
октомври и 1-ви ноември, во Охрид. Програмата на
активности за одбележување на 50 годишнината како и
деталниот распоред за конференцијата можат да се
превземат со клик на следното копче:

 |