НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Тече проектот за комуникација


Проектот “Комуникација за заштита на природата“  кој Министерството за животна средина ( МЖСПП ) и просторно планирање го реализира во соработка со Европскиот центар за заштита на природата ( ECNC ) со работилницита организирана во Самоков се движи кон завршната фаза. 

Проектот започна со реализација во 2006 година ( I фаза ) кога беше организирана тренинг работилница во НП Пелистер ( мај 2006 година ). Во втората фаза од проектот, која се реализираше во текот на 2007  година, беше направена практична примена на научените вештини во пилот-подрачјето на НП Маврово со реалиација на две работилници.

.

Отворање на работилницта - Миле Јакимовски - Директор на Управат за животна средина

Тренинг работилницата во Самоков се организираше како дел од третата фаза од проектот, на која се спреведе обука на нови 20 луѓе за вештините на комуникацијата. Обуката ја изведоа обучувачи од Македонија кои во текот на месец април беа на напредниот курс во Тилбург ( Холандија ), меѓи кои и двајца вработени во НП Галичица,  кои го пренесуваат своето знаење во оваа фаза.

Третата фаза ќе заврши со напреден курс на дел од учесниците на оваа работилница кој ќе се оддржи во Маврово во текот на септември месец оваа година. 

11.07 2008 ( Петок )