|
Во
хотелот “Десарет“ во Охрид од 3-4 Јуни се одржа
работилница на тема “ Стратегија за заштита на
балканскиот рис“ во присуство на голем број
учесници помеѓу кои и стручниот тим на Национален
Парк “Галичица“ како и меѓународни експерти.
Работилницата ја отвори проферосор Љупчо Мелоски кој
воедно е председадел на Македонско Еколошко Друштво,
кое со своите партнери од 2006 година започна проект
за заштита на автохтоната популација на балканскиот
рис во Македонија со наслов " Програма за
закрепнување на балканскиот рис".
Председателот ја отвори работилницата Дел од работната атмосфера Консултантот на GFA размена мислење со колега од Германија И паузата беше искористена за конструктивен разговор
Председателот ја отвори работилницата
Проектот
се реализира во соработка со албанските невладини
организации
PPNEA
(Организација за заштита и зачувување на природната
средина во Албанија) и
ASPBM
(Организација за заштита на птиците и цицачите во
Албанија), германската невладина организација
EURONATUR
(Европска фондација за природното богатство),
швајцарската организација
KORA
(Координирани истражувачки проекти за заштита и
управување со крупните ѕверови во Швајцарија) и
норвешката организација
NINA
(Норвешки институт за проучување на природата).
Проектот е подржан од
IUCN/SSC
Cat Specialist Group,
а е финансиран од швајцарската фондација
MAVA
и норвешката влада.
04.06
2008 ( Среда )

|