|
Министерството за животна средина и просторно
планирање ( МЖСПП ) и Европскиот центар за заштита
на природа (
ECNC )
во
рамките на проектот “ Комуникација за заштита на
природата: изградба на капицитети и пилот проекти во
Хрватска и Македонија“ работат заеднички на
подобрување на интерактивните процеси за креирање на
политики за заштита на природата во Македонија.
Првата
фаза на овој проект беше спроведена во текот на 2006
година во НП Пелистер кога се одржа тренинг
работилница на која беа обработени различни аспекти
на комуникација и интерактивно креирање на политики:
основи на комуникација, управување со природата и
улогата на комуникацијата, планирање и управување,
решавање на конфликтни ситуации и процеси за
олеснување.
Во
втората фаза на проектот, кoја
се реализираше во текот на 2007 година, беше
направена практична примена на научените вештини во
пилот подрачјето НП Маврово.
Со
планирачкиот состанок одржан на 07.03 2008 година
во Маврово во дирекцијатана НП Маворво започна третата фаза на
овој проект. Во оваа фаза ке се реализираат три
обуки за вештините на комуникацијата, а како
обучувачи ќе се вклучат дел од ученисниците од
првата тренинг работилница одржана во 2006 година ,
меѓу кои се и двајца вработени во НП Галичица, што
претставува особен успех за паркот.
09.03 2008

|