|
Оливер
Аврамоски( асистент за проекти при ЈУНПГ) и Наумче
Новески ( раководител на шумски екосистеми ЈУНПГ)
како и Робертина Брајаноска ( МЗЖСПП) и Диме Мелоски
( претставник на МЕД ) успешно ја завршија обуката и
се стекнаа со сертификати за меѓународни предевачи
на курсот во рамките на проектот “Коминикација за
заштита на природата“.
Четворицата македонски претставници заедно со
четворицата преставници од Хрватска од 08 до 10
април во седиштето на
ECNC (
Европски Центар за заштита на природата ) во Тилбург
( Холандија) присуствуваа на курсот “Комуникација
за заштита на природата“ со што започна третата –
завршна фаза на овој проект. Со овој курс
предавачите се стекнаа со знаење кое ќе биде
пренесено во Македонија во однос на комуникацијата
за подобрување на заштитата на природата.
Заедно со обучувачите од ECNC и претставниците од Хрватска Претсавниците на Галичица
Работна атмосфера во просториите на ECNC Оливер Аврамоски ( ЈУНПГ) Робертина Брајановска ( МЗЖСПП )
Заедно со обучувачите од ECNC и претставниците од Хрватска
Токму, на
крајот на мај следува вториот чекор од третата фаза
на овој проект, на кој преку овие предавачи ќе бидат
пренесени, до сите инволвирани во заштита на
прородата, искуства од различни аспекти на
комуникација и интерактивно креирање на политики:
основи на комуникација, управување со природата и
улогата на комуникацијата, планирање и управување,
решавање на конфликтни ситуации и процеси за
олеснување.
На крајот
од третата фаза, а со тоа е и крајот на овој проект
кој е помогнат од
ECNC
и
МЗЖСПП на РМ, ке се одберат 7-8 претстаници од
Македонија кои заедно со одбраните претставници на
Хрватска, во Маврово во текот на месец септември, ќе
го посетуваат напредниот курс на кој ќе се стекнат
со соодветен сертификат за познавање на
комуникацијата за заштита на природата.
15.04
2008 ( Вторник )
|