НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Работилница: Визија за иднината ма НП Галичица


Планината Галичица е прогласена за национален парк пред сe поради своите природни вредности како на пример ретките и значајни растенија и животни, поради посебноста на шумите и пасиштата, односно заради значајните геоморфолошки појави. Заштитата и управувањето со овие вредности треба да биде планска и да се потпира врз современите научни сознанија и достигнувања. Секако, при тоа мора да се почитуваат социјалните и економски прилики и закономерности. За таа цел, во 2008 година Јавната установа Национален парк Галичица отпочна со процес за изработка на План за управување. Планот за управување ќе претставува генерален план за управување со заштитата на природните вредности, но и развојот и користењето на паркот. Планот детално ќе ги утврди и опише вредностите, нивното користење, односно средствата и човечките ресурси потребни за управување со паркот во наредните 10 години.

Прв чекор во изработката на планот е изготвување на заедничка визија на НП Галичица. Создавањето на заедничка Визија е процес во кој треба да се слушнат и разгледаат гледиштата, размислувањата и очекувањата на најразлични општествени групи, инситутции и бизниси.  За таа цел на 15-ти ноември (сабота), 2008 година, во просториите на основното училиште Св. Наум Охридски во Елшани, се одржа првата од серијата на состаноци со локалното население и другите општествени гупи во национален парк Галичица и неговото непосредно опкружување. На средбата, над 20 жители од Елшани и раководството на Јавната установа Национален парк Галичица ги разменија своите гледишта и очекувања за идниот развој на паркот. Резултатите од оваа и другите средби ќе бидат вградени во заедничката Визија за иднината на Национален парк Галичица. Планот за управување со паркот ќе разработи  цели одностно стратегии, мерки и активности за исполнување на Визијата. 

17.11 2008 ( Понеделник )

.

Средбата ја отвори директорот на паркот - Зоран Ангелоски