|
Во паркот
има бројни споменици со големо историско и уметничко
значење кои се една од силните причините за посета
на паркот. Како составен дел на географскиот
простор, културното наследство е слика за времето во
кое e
создавано. Спомениците на културата
во паркот, покрај бројноста се карактеризираат и со
голема разновидност па затоа се делат на неколку
групи: археолошки локалитети, цркви, манастири,
пештерни цркви и споменици.
Еден од споменициte во паркот, кој по своето
значење спаѓа меѓу позначајните од ваков
вид не само во рамките на паркот и во регионот туку
и пошироко, а истовремено е строго заштитените
подрачја, е островот Голем Град.
Од групата цркви,
манастири, пештерски цркви, на територијата на
паркот регистрирани се следиве споменици: од
спомениците од византиски стил со живопис од
европско значење е црквата “Св. Богородица Заумска“
од 1361. На црквата се извршени конзерваторски
интервенции и е во добра состојба достапна за
посетители. Во с.Велестово, црквата “Св.Богородица“
која е од XV
век.
Од пештерските
цркви под заштита се ставени: Црквата
“Св.Богородица“ во с.Пештани од
XIV век,
Црквата “Св.Богородица“ во автокампот Градиште,
Црквата “Св.стефан која потекнува од средината на
IX
век која е со козервиран живопис.
Од пештерските
цркви кои сеуште не се ставени под заштита се:
Црквата “Св.Петар и Павле“ на Преспанско Езеро, во
близина на границата на Република Македонија со
Република Албанија, Црквата “Св.Петка“, помеѓу
с.Стење и с.Коњско лоцирана на карпите на брегот на
Преспанското Езеро, Црквата “Св.Илија“ близу
с.Трпејца која е од XIV
век .
|