|
Селото Долно Коњско е на околу 5 километри
оддалеченост од Охрид. Има стотина куќи, кои во
најголем дел се сопственост на семејства доселени од
Горно Коњско. Дел од куќите се во сопственост на
жители на други населени места, како викенд или куќи
за постојано живеење. Во селото живеат 551 лице од
сите старосни групи.
Работоспособното население својот работен ангажман
го остварува на работни места во приватни и јавни
претпријатија во Охрид и во туристичките објекти на
брегот од езерото. Дел од домаќинствата остваруваат
приходи од издавање легла за време на туристичката
сезона. Убавините на пределот и близината на
Охридското Езеро го направиле ова место привлечно за
живеење.

|