|
Елешец е населба која се наоѓа во подножјето на
селото Елшани. Има 69 жители и е формирана како
резултат на доселување на жители од селото Елшани и
изградба на живеалишта поблиску до патот кој ги
поврзува со Охрид. Денес Елешец е привлечно место за
живеење, па свои куќи и вили изградиле и жители од
Охрид. Тие се користат за живеење или за престој во
летниот период.

|