|
Селото Коњско се наоѓа на 6 - 7 километри
одалеченост од Охрид. Тоа е планинско село со
претежно стари, празни куќи кои повремено се
користат. Во ова село има 22 жители, сите со старост
од над 15 години. Миграцијата на жителите на ова
село била насочена најмногу кон Долно Коњско, за
подобри услови за егзистенција.
Во
селото сега живеат десеттина домаќинства. Мал дел од
нив постојано се во селото. Тоа се претежно стари
лица кои примаат пензија или се издржувани лица од
други членови на семејството. Неколку жители се
занимаваат со сточарство. Имаат стада од стотина
овци, кои ги пасат во околината на селото. Дел од
јагнињата ги продаваат, а населението произведува и
сирење.

|