|
Ова село е последното село на територијата на паркот
пред државната граница со Р. Албанија. На
оддалеченост од околу два километри се наѓа
манастирскиот комплекс Св. Наум и изворите на Црн
Дрим. Овој комплекс има голема историска, културна и
туристичка вредност за целата држава. Според
пописитот во 2002 година во Љубаништа живеат 171
жител. Од нив најголем дел се постари лица кои
живеат во горниот дел од селото каде преовладуваат
постари камени или реновирани куќи.
Во долниот дел од селото се изградени викенд куќи
кои се користат само за одмор во летниот период. Во
селото постои стара училишна зграда од времето кога
во селото бројот на деца бил поголем и се изведувала
настава. Денес малиот број деца учат во Пештани.

|