НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

НАСЕЛЕНИЕ


Територијата на паркот се протега на две општини Охрид и Ресен, во чии граници се вкупно 18 села од кои 14 во Охридска и 4 села во Ресенска општина. На Охридската страна на паркот се селата: Елшани, КоњскоТрпејца, Љубаништа, Пештани, Рача, Велестово, Рамне, Шипокно и населбите: Лагадин, Долно Коњско, Исток, Елешец и Св.Стефан. На Ресенската страна на паркот се селата: Отешево, Лескоец , Стење и Коњско. Вкупниот број на на жители во населените места во паркот изнесува 5400 (попис 2001 година).  

Основното занимање на населението е сточарство и земјоделие, претежно во селските населби во планинскиот дел а додека во крајбрежнот дел, каде што се наоѓаат и најголемиот дел од населбите населението се занимава со риболов и туризам, со издавање на соби и апартмани во летниот период.  

Како резултат на лошата социо-економска политика во минатото, забележлив е процесот на миграција на населенито во помоголемите населени места о места поблиску до патиштата кои ги поврзуваат поголемите населени места.  Како резултат на тоа жителите на село Велестово се населлувале во Рача, жителите на Коњско ( охридско ) во село Долно Коњско, а жителите на Шипокно во населбата Св.Стефан. Непревземањето на соодветни мерки за подобрување на состојбата и запирање на овие процеси довеле до тоа селото Отешево да остане само топоним на картата, без присуство на постојани жители во селото и напуштеност на селата Лескоец и Коњско(Ресен).  

Од вкупниот број на население кое живее во границите на паркот (5400),     Македонци се 5355, Срби 17, Турци 9, Албанци 3, Власи 2, 11 лица припаѓаат на друга националност а додека 3 лица не се изјасниле ( попис 2001 година).  

Во однос на старосната структура најголем број население има во групата од 30 – 34 години  451 жител, а останати се 15 - 19 години 430,   20 – 24 години 406 жители, 405 жители припаѓаат на старосната група од 10 -14 години, од 35 – 39 години има 397 жители и.т.н. што значи дека најголем број на населението во граници на паркот припаѓа на младото и зрело население.