|
Селото Рача се наоѓа на 2 км. оддалеченост од Охрид,
веднаш над патот кој води од Охрид за Св. Наум. Ова
село е едно од поголемите села на територијата на
Националниот Парк Галичица и брои 1034 жители. Голем
дел од жителите се со потекло од Велестово, доселени
тука, поради близината на градот и подобрите услови
за живот. Низ селото поминува Рачанска река чии води
се влеваат во Охридското Езеро.
Во осумдесеттите години кога Охрид и Охридско бил
посетуван од поголем број странски туристи, најмногу
Холандски, жителите од Рача и Велестово ја
покажувале својата гостопримливост со нудење услуги
за прошетка на туристите низ планината на своите
магариња и послужување на специјалитети на народната
кујна.
Најголем број од жителите на Рача својот
работен ангажман го остваруваат во градот Охрид и
околните туристички објекти. Дел од домаќинствата
кои се поблиску до патот кој води за Св. Наум, за
време на летната туристичка сезона, издаваат легла и
апартмани за приватно сместување. Некои домаќинства
имаат изградено нови објекти за таа намена или ги
адаптирале куќите во кои живеат.

|