|
Селото Шипокно е планинско село, со неколку стари
куќи. Според пописот има само 5 жители. Во селото е
спроведена електрична енергија но нема водовод и
канализација. Со вода се снабдуваат од заедничка
чешма во селото.
Поради немање услови за пристоен живот, жителите го
напуштиле селото и во најголем број се доселиле во
пониските делови, формирајќи ја населбата Св.
Стефан. Денес во селото постојано живеат двајца
жители.
 |