НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

Природно историска патека: Остров Голем Град


На островот Голем Град постоела населба од времето на IV век п.н.е. и опстојувала до VI од новата ера. Од населбата се откриени куќи од хелинистичкиот период во кругот на црквата Св.Димитрија, а и три куќи од римската епоха на кои им служела и цистерна сместена во нивна непосредна близина. Во античката епоха населбата му припаѓала на македонското племе “Орести“. Од античкиот период се откриени погребувањата од IV век п.н.е. до I век п.н.е. и од IV век до VII век.

 Во средниот век островот претставувал манастирски комплекс каде биле изградени повеќе цркви ( Св.Петар, Св.Димитрија, Св.Никола Влаија ). Во манастирскиот комплекс биле погребувани монасите, но и верниците од околните населби на копното кои биле духовно врзани со светците на островот. Погребувањето на островот трае до XV век, а монашкиот живот се обновувал и до средината на XX век.