|
Почвата
како природно историско тело настанува како
последица на заедничкото комплексно делување на сите
педогенетски фактори (клима, вегетација, матичен
супстрат, животински организми, релјефот, времето и
човекот).
Факторите
кои влијаат на образувањето на почвите и нивната
натамошна еволуција, како и нивните својства се
многубројни и се во најтесна корелација со условите
на средината.
Поради
големата хетерогеност на еколошките услови:
климатските, орографските, геолошко-петрографските,
хидрографските и вегетациските - на планинскиот
масив Галичица се образувани поголем број на почвени
типови и подтипови.
Систематската припадност на почвите на планинскиот
масив Галичица според најновата прифатена
класификација е следнава :
I Класа
Неразвиени почви со профил А - Ц
1 тип Литосоли
2 тип Регосоли
II Класа Хумусно - акумулативни
почви со профили А - Ц
3 тип Рендзина
4 тип Варовничко - доломитна црница
(Калкомеланосол)
а) подтип органогена, органоминерална и браунизирана
5 тип Хумусно - Силикатна почва (Ранкер)
а) подтип проторанкер, зрел ранкер и браунизиран
ранкер
III Класа Камбични почви со профил
А - ( Б ) - Ц
6 тип Еутрично - кафеави шумски почви (Еутричен
камбисол)
7 тип Циметни шумски почви (Хромичен камбисол)
8
тип Кафеава почва врз варовник и доломит
(Калкокамбисол)
9 тип Црвеница (Терра Роса)
IV Класа Преталожени почви
10 тип Алувијални почви
11 тип Колувијални почви
 |