НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

ЕКОНОМСКА ЗОНА (18859 ha)


Оваа зона го опфаќа остатокот од националниот парк во кој претежно се опфатени шумите . Поради силното антропогено влијание врз шумите од оваа зона во минатото,  тие се наоѓале во многу лоша состојба. При прогласување на националниот парк степенот на деградација бил толку голем да некои од нив биле претворени во шибјаци и шикари.

Со посебни десетгодишни програми за унапредување на шумите континуирано се подобрува нивниот квалитет и се зголемува површината под шума. При тоа се води сметка да не се наруши видовиот состав и високиот биодиверзитет на националниот парк.