|
Оптимално остварување
на функциите во паркот и истовремена заштита на природните
вредности е можна преку утврдување на намената на пооделни
подрачја, односно определување на зони на националниот парк.
Зонирањето е извршено врз
основа на анализата на постојната состојба со отценка на
вредностите и значењето на природната средина водејки сметка за
целите кои треба да се постигнат, а кои се предвидени со законот
за заштита на националните паркови. Притоа респектирани се две
основни специфики:
- масивот
на Галичица има големо скоро пресудно влијание на целиот
екосистем на Охридско-Преспанскиот базен и
- најзначајните
вредности и појави мозаично се распоредени низ целиот национален
парк
Во опфатот на НПГ
дефинирани се следниве зони: |