НАЦИОНАЛЕН   ПАРК   ГАЛИЧИЦА    

 

Контакт: ул.Галичица б.б.  Тел/факс : +389 46 261 473   e-mail: galicica@galicica.org.mk

 

ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА


Што e национален парк?

Национален парк е пространо, претежно неизменето подрачје на копно или вода со повеќекратни природни вредности, кое опфаќа еден или повеќе зачувани или незначително изменети екосистеми, а првенствено е наменет за зачувување на изворното, природно, клутурно и духовно богатство.

Националниот парк има научно-истражувачка., културна, воспитно образовна и туристичко-рекреативна намена.

Зошто Галичица е прогласена за национален парк?

Помеѓу модросините водени широчини на Охридското и Преспанското езеро, изронува и се возвишува варовитиот `рбет на планината Галичица. Заради карактеристичната местоположба, особените природни убавини, пејсажните и естетските вредности и исклучително богатиот и ендемичен растителен и животински свет, Собранието на Република Македонија во октомври 1958 година ја прогласи планината Галичица за национален парк.

Законска  основа за заштита на природата во национален парк Галичица

Заштитата на природата во Националниот парк Галичица се остварува преку неколку законски прописи:

  • Закон за прогласување на шумските предели на планината Галичица за Национален парк ( Сл.Весник на РМ 31/58)

  • Закон за заштита на природата ( Сл.Весник на РМ 67/04 )

  • Закон за заштита и унапредување на животната средина ( Сл.Весник на РМ 53/05 )

Територија

Националниот парк Галичица зафаќа површина од 22 154 ha. Најниската точка е нивото на Охридското Езеро (695 м.н.в) и нивото на Преспанското Езеро (850 м.н.в.), а највисоката врвот Магаро (2 255 м.н.в). Јужната граница е истоврмено и државната границата со Р.Албанија, а западната граница е брегот на Охридското Езеро. Северната точка ги поврзува двете езера преку неколку маркантни коти. Почнува кај манастирот Св.Петка кај селото Велгошти и во права линија оди до врвот Вишесла. Од него преку Петринско поле, месноста Исток до врвот Самар од каде се спушта до месноста Сир Хан на Преспанско Езеро. Источната граница оди по брегот на Преспанското Езеро до државната граница со Република Албанија вклучувајќи го и островот Голем Град.

Обележје на национален парк Галичица?

Lynx lynx martinoi  или балкански рис е автохтон  вид од кој во Македонија е застапен со  околу 30-35 единки. Заради оваа мала бројка и најразновидните закани на кои е изложена популацијата на рисот, кои во најголем број произлегуваат од активностите на човекот, од Јули 2006 година, Македонското еколошко друштво (МЕД) започна со спроведувае на проект за заштита на а популација на балканскиот рис во Македонија со наслов " Програма за закрепнување на балканскиот рис".